Научниците тврдат дека витаминот Д е спас од корона, еве во кои намирници го има

од Aleksandar Petrovski

Суперкомпјутер самитот во Националната лабораторија во Оук Риџ, Тенеси, анализираше податоци од повеќе од 40.000 гени од 17.000 генетски примероци, така што научниците би можеле што подобро да го разберат Ковид-19.

Кога завршила анализата, научниците ги анализирале резултатите. Според Даниел Џејкобсен, водечки истражувач по биологија од Оук Риџ, тие имале „еурека момент“. Компјутерот откри нова теорија за тоа како Ковид-19 влијае на телото: брадилкинска хипотеза. Таа дава модел кој објаснува многу аспекти на Ковид-19, вклучително и некои од неговите најбизарни симптоми. Таа исто така препорача десетина потенцијални терапии, од кои многу се веќе одобрени. Групата на Џејкобсен ги објави овие резултати во напис објавен во јули.

Тимот на Џејкобсен, исто така, предлага витамин Д како потенцијално корисен лек против корона. Овој витамин е вклучен во RAS системот и може да се покаже корисен ако го намали нивото на друго соединение, познато како REN. Ова може да запре формирање на смртоносни брадилкински бури. Ако ова се покаже како точно, внесот на витамин Д може да се покаже како ефтин и ефикасен начин да се запре ширењето на најтешките случаи на корона.

Витаминот Д е важен нутриционистички елемент со кој градиме здраво и функционално тело, цврсти коски и добро расположение. Недостаток на витамин Д може да предизвика депресија, разни коскени заболувања, но и пад на имунитетот, поради што толку често настинуваме.

Убавото расположение во лето не е необјасниво, витаминот Д тука зема најголем дел од заслугите. Постојат различни студии кои пропишуваат одредени дози на дневно внесување на витамин Д, но она што е сигурно е дека не можете да апсорбирате витамин Д доколку носите заштитен фактор.
Од друга страна, постојат начини да ја заштитите кожата истовремено, а сепак да го користите сонцето за да добиете витамини. Најголемата придобивка е ако поминете 10 до 15 минути на сонце секој ден помеѓу 11-15 часот и без заштитен крем.

Дневните потреби од витамин Д дефинитивно зависат од начинот на живот што го водиме, возраста и навиките на јадење што ги имаме. Покрај сонцето, значителен извор на витамин Д се храна и додатоци во исхраната. Меѓутоа, во случај да сакате да го земате овој важен витамин целосно природно, размислете за комбинацијата на храна и Сонцето.

За да бидете сигурни колку ви треба витамин Д, најдобро е да го одредите со тест на крвта и по консултација со лекар. Врз основа на тоа, точно ќе знаете како да ја дозирате храната и времето што го поминувате надвор.

Во која храна можеме да најдеме витамин Д?

Храната богата со витамин Д е главно риба и млечни производи со многу маснотии (друга причина за доброто расположение на луѓето кои живеат покрај море), но исто така и помалку привлечен говедски црн дроб, млеко од соја, јагули и рибино масло.

Витаминот Д е растворлив само во масна средина, што значи дека диетата со масна храна е важна за апсорпција на овој витамин.

Покрај витамин Д, мастите полесно ги апсорбираат и витамините А, Е и К.За да се извлече најдоброто од витаминот Д, потребно е да се комбинира со магнезиум и калциум.

Препорачаната дневна доза на витамин Д е:

– за возраст од 1 до 70 години – 600 IU на ден

– над 70 години – 800 IU на ден

– толериран максимален дневен внес, за возраст над 9 години – 4000 IU на ден

Кога ова го преведуваме во подготовка на оброк, ја сфаќате важноста од комбинирање на зеленчукот и месото, најчесто риба. Покрај тоа што ќе внесете доволно витамин Д, тоа исто така ќе ви помогне да го апсорбирате потребниот калциум и да одржувате нормално ниво на калциум во крвта.

Слични содржини