Научниците во страв: Пациенти истовремено заразени со два различни вида на коронавирус

од Stefanija Kuzmanovska
391 прегледи

Научниците од јужниот дел на Бразил објавија дека откриле двајца пациенти кои истовремено се заразени со два различни вида на коронавирус.

Тие рекоа дека се многу загрижени и дека нивната студија е прва во светот што потврди коинфекција со два вида коронавирус.

Откритието е објавено на медицинската страница „medRxiv“, а студијата допрва треба да помине низ процесот на преглед и да биде објавена во научно списание, пренесува „Ројтерс“.

Двајцата пациенти се на возраст од околу триесет години и беа заразени кон крајот на ноември со видот Р.2, кој беше идентификуван во Рио де Жанеиро, додека тестираните беа позитивни и на други мутации на вирусот.

Тие покажале благи симптоми на болеста, како што се сува кашлица кај едниот пациент и кашлица, болки во грлото и главоболка кај другиот и никој од нив не барал болничко лекување.

Случаите привлекуваат внимание на тоа колку мутации веќе може да има во Бразил и предизвикуваат научниците да се загрижат дека коинфекцијата со различни видови може да го забрза појавувањето на нови мутации, неведе „Ројтерс“.

Тоа би бил уште еден еволутивен пат за вирусот, велат научниците.

Слични содржини