Навални: Бев загрижен дека ќе бараат да бакнам слика на Путин

од Nikola Popovski

Судскиот совет на Русија денеска прими жалба од лидерот на руската опозиција Алексеј Навални против претходната одлука на затворските власти во која се наведува дека Навални е „склон кон извршување злосторства од терористичка или екстремистичка природа“.

Против Навални најпрво беа наредени дополнителни затворски проверки и инспекции поради можноста за бегство. Во октомври минатата година тоа беше променето, а Навални беше означен како „терорист или екстремист“.

„Бев загрижен дека ќе побараат од мене да бакнам слика на Путин и да ги запаметам цитатите на Медведев, но тоа не беше потребно. Сега само на мојот кревет во ќелијата има знак кој ме опишува како терорист“, објавил Навални на социјалните мрежи.

Навални беше уапсен во јануари 2021 година, откако се врати од Германија, каде што се опоравуваше од труењето со нервен агенс, за што го обвинува Кремљ. За прекршување на условната казна е осуден на две и пол години затвор.

Тој во март беше осуден на девет години затвор за измама и непочитување на судот и ги отфрли обвинувањата како политички мотивирани.

Навални и неколку негови соработници се додадени во рускиот регистар на терористи и екстремисти.

Слични содржини