Навални боледува од непозната болест и забрзано губи тежина

од Stefanija Kuzmanovska
183 прегледи

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, кој во моментов издржува затворска казна во Русија, ослабе осум килограми за две недели, тврди неговиот адвокат Вадим Кобсев.

Како што рече, боледува од непозната болест поради која не прима терапија, пишува Frankfurter Allgemeine Zeitung.

Се наведува дека брзата помош дошла во неговата затворска ќелија во саботата вечерта бидејќи му се зголемиле болките во стомакот.

Тој додаде дека лековите кои ги испратила мајката на Навални биле вратени.

Кобсев понатаму тврди дека властите во Русија сакаат неговото здравје постепено да се влошува.

ФАЗ наведува и дека Навални често од затвор ја критикувал руската интервенција во Украина и ги повикувал своите поддржувачи на протести.

Си-Ен-Ен пренесува дека портпаролот на Навални рекол дека тој страда од силни стомачни болки. Неговиот тим верува дека Навални го трујат од Кремљ или сојузниците од Кремљ.

Странските медиуми јавуваат дека тој бил вратен во самица на 11 април, откако неговиот тим објавил измама поврзана со набавка на зелка за затворската кујна, пренесува „Танјуг“.

Слични содржини