Навални го продолжува штрајкот со глад и покрај треската

од Stefanija Kuzmanovska

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, кој минатата недела штрајкуваше со глад во знак на протест против лошото лекување во затворскиот камп, денеска изјави дека има треска и силна кашлица, но додаде дека продолжува да гладува.

Навални (44) го започна штрајкот со глад на 31 март во знак на протест против условите во затворскиот камп, велејќи дека му е забранет пристап до лекар и лекови и дека чуварите постојано го будат во текот на ноќта.

Противник на Кремљ е во затворскиот камп Покров, на околу 100 километри од Москва. Овој камп се смета за еден од најтешките во Русија. Навални се жали на силна болка во грбот и вкочанетост на ногата.

„Цитирам официјални податоци од денес – силна кашлица, температура 38,1. Секако, продолжувам со штрајкот со глад“, напиша Навални на својот профил на Инстаграм.

Навални рече дека еден затвореник е хоспитализиран денес поради туберкулоза и додаде дека ова е трет случај на болеста во последните неколку недели.

Руски опозиционер, кој минатата година беше лекуван од труење со нервен агенс, издржува затворска казна од две и пол години во Покров.

Слични содржини