Навални повторно прогласен за виновен, обвинителството бара 13-годишна затворска казна

од Vladimir Zorba

Рускиот суд го прогласи водечкиот руски опозициски лидер Алексеј Навални за виновен за проневера на пари, соопшти судот.

Руските обвинители бараат Навални да отслужи 13-годишна казна, во затвор со максимална безбедност, пренесе Ројтерс.

Да потсетиме, Навални две и пол години се наоѓа во затворски логор источно од Москва поради прекршување на условната казна за проневера во случајот за кој постојано изјавува дека е фабрикуван за да ги попречи неговите политички амбиции.

Слични содржини