Навални пред суд: Путин е лудак кој започна глупава војна

од Nikola Popovski

За време на денешното судско рочиште, затворениот руски опозициски лидер Алексеј Навални го нарече рускиот претседател Владимир Путин „лудак“ кој „започнал глупава војна“ во Украина.

„Оваа глупава војна ја започна вашиот Путин“, рекол Навални пред судот, говорејќи преку видео-линк од затворот.

Како што истакнал, војната ја започнале лагите што ги ширел Владимир Путин.

„Оваа војна беше започната со лаги. Лудак ги зари канџите во Украина. Не знам што сака тој луд крадец со земјата“, рече Навални за рускиот претседател.

Слични содржини