„Навистина е чудно“: Никола Пелц ја откри вистината за тоа во каков однос е со Викторија

од Stefanija Kuzmanovska

Богатата наследничка Никола Пелц летово се омажи за најстариот син на Дејвид и Викторија Бекам, Бруклин.

Оттогаш, врската помеѓу Викторија Бекам и нејзината снаа не престанува да се коментира. Се започна од венчавката кога сите очекуваа студиото на Викторија да ја креира венчаницата на Никол, но на крајот заклучија дека нејзиното студио не е во можност да го создаде она што невестата го замислила. Се шпекулираше и дека Викторија е целосно исклучена од организирањето на нивната венчавка.

„Имав намера и навистина сакав да носам венчаница од Викторија, а потоа по неколку месеци сфатив дека нејзиното ателје не може да го направи тоа, па морав да изберам друг фустан“, изјави претходно Никола.

Објавите на социјалните мрежи сведочат за тоа дека Викторија ретко го гледа синот, а светските медиуми пренесуваат дека Никола го спречува Бруклин да биде близок со родителите.

Таа неодамна ги демантираше овие наводи, негирајќи ги лошите односи.

„Многу пати сум го кажала ова: Нема кавга меѓу нас. Не знам. Никој никогаш не сака да пишува убави работи. Навистина е чудно да се знае вистината, а потоа да се прочита нешто сосема погрешно“, изјави милијардерката за Cosmopolitan.

Слични содржини