Навивач на Бешикташ со првремена работа во германија сакал да ги изненади пријателите и колегите па купил 127 карти за натпреварот од Лигата на шампиони меѓу Баерн и Бешикташ, кој вечерва се игра на Алианц Арена.

Ден претходно бил да ги земем картите што ги купил пркеу e-bay, а потоа решил да скокне до супермаркет. Ги средил намирниците во гепек, а кутијата со картите ја оставил на автомобилот. Седнал во него и си заминал дома. Кога видел дека ги нема се вратил назад но ја нашол кутијата празна.
„Постигнав автогол. Многу сум тажен што момент на невнимание го платив толку скапо“, вели Бесли, додека локалните медиуми пишуваат дека картите вределе повеќе од 10.000 евра.
Локалната полиција издаде соопштение за враќање на картите, но шансите да ги најде се мали, особено затоа што Турчинот не ги купил преку официјалните канали за дистрибуција, туку преку сајт за тргување.