Навивачи на Вардар нападнале полицајци пред салата во Битола

Уапсен и еден навивач на Пелистер затоа што повикувал на насилство

од Nikola Popovski
12 прегледи Фото: РК Пелистер

На 10.12.2025 во 18:45 часот на влезот во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишија од слобода П.Н.(20), Н.А.(24) и Д.М.(24), сите од Скопје.

При влегување на навивачка група од Скопје во спортската сала на ракометен натпревар, бил нарушен јавниот ред и мир, при што тие физички нападнале неколку полициски службеници кои преземале службени дејствија.

Подоцна, во 19:20 часот на влезот во спортската сала, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода и Н.Ѓ.(34) од Битола затоа што го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување и повикувал на насилство. По целосно документирање на настаните, против лицата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.