Сериозна група незадоволни фанови на Михаел Шумахер подигнаа глас на интернет. Повод за ова се појавените неодамна профили на седумкратниот шампион во Формула 1 во некои од најпознатите социјалните мрежи.

Навивачите се здружуваат против агентот на Шумахер Сабине Кем и ја обвинуваат дека го злоупотребува неговиот лик.
“Зошто продолжувате да правите пари од него” и “многу добро знаеме дека тој не чита и не пишува ништо на овие страници”, гласат некои од коментарите.
Пред време семејството на Германецот повика за минимизирање на вестите околу неговата здравствена состојба, но сега интересот беше оживеан со профилите на социјалните мрежи.