Околу тоа што значи отворањето на последното поглавје на Албанија со ЕУ за регионот и соседите, пред се Македонија, Косово, Србија и дали тука се става крајот на пропагандите за создавање „големи држави“, албанскиот новинар и аналитичар, Ментор Назарко објаснува дека Албанија завршува процес на модернизација на државата и ги надминува некои од овие држави што можеби се пред неа, на пример на економски план.
-Тоа е од големо значење за нас бидејќи на овој начин нема да бидеме заложници на условите што ги наметнуваат државите што би можеле да нè попречат, како што е Србија. Во меѓувреме, Албанија никогаш не правела пропаганда за создавање големи држави, но нејзините соседи, на нејзина штета, зборувале за опасноста од создавање „Голема Албанија“. Вистината е дека во рамките на Србија или инспирирани од неа, постојат сили и групи, кои работат на „Голема Србија“ па дури има и вистински напори каде што Црквата има своја експанзионистичка улога. Праксата е позната кај нас: обвинувај го другиот за она што самиот го правиш, вели, меѓу другото, Назарко во разговор за „Локално“.