Најмалку шест лица повредени во напад со нож во Париз

од Stefanija Kuzmanovska
137 прегледи

Најмалку шест лица се повредени утринава во напад со нож на париската железничка станица „Гар ду Нор“, јавува француската телевизија БФМ.

Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин на Твитер објави дека „едно лице повреди неколку лица на железничката станица Гаре ду Норд во Париз“, пренесува „Ројтерс“.

Тој додаде дека тоа лице било „неутрализирано“ од полициските сили.

Слични содржини