НБА: Ентони Дејвис може и сам, трипл-дабл на Вестбрук

од desk2
150 прегледи

Дури 9 натпревари беа на програмата на НБА лигата вчера вечерта, а неколку од нив понудија и импресивни индивидуални претстави на одредени играчи. Еден од нив беше Ентони Дејвис, кој успеа да биде најдобриот играч на теренот против Оклахома Сити Тандер, и покрај трипл-дабл учинокот на Расел Вестбрук.

Њу Орлеанс Пеликанс го совладаа тимот на Оклахома Сити Тандер со резултат 114:100, летајќи на крилјата на Ентони Дејвис.

Дејвис повторно ја презема улогата на соло ѕвезда во неговиот тим, нешто на кое беше навикнат откако беше драфтуван во тимот, па до доаѓањето на Демаркус Казнс минатата зима. Тој постигна 43 поени, забележа 10 скока и украде 3 топки, а притоа шутираше ефикасно од поле за да го одведе тимот на Пеликанс до победа на гостувањето кај Тандер. Единствениот играч кој му даде каква-таква поддршка беше И’туан Мур, кој мечот го заврши со 26 поени.

Расел Вестбрук забележа уште еден трипл-дабл, овојпат не толку импресивен, со 16 поени, 10 скока и 14 асистенции, но тоа не беше доволно за неговиот тим да избегне пораз. Добар натпревар одигра и Стивен Дејвис, забележувајќи 23 поени и 12 скока.