НБА пред дебакл, најголемите ѕвезди ги пропуштаат божиќните натпревари?!

од Vladimir Zorba
14 прегледи

Во среда во САД се слави Божиќ, ден кој е особено интересен за љубителите на НБА лигата. На тој ден по традиција играат најинтересните екипи и најголемите ѕвезди, но блиску сме тоа да не биде случај годинава.

Огромен број НБА ѕвезди се под знак прашалник за натпреварите на големиот празник, па најсилната кошаркарска лига се соочува со нов проблем, откако стана јасно дека гледаноста е на историски минимум.

Феникс е во неволја, бидејќи нема да може да смета на Девин Букер за дуелот против Денвер. Ниту со Нагетс ситуацијата не е подобра, а во опасност е Џамал ​​Мареј.

Под знак прашалник е и дуото на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс и Ентони Дејвис. Центарот се бори со повреда на рамото, додека Леброн сигурно ќе игра, иако официјално се уште е под знак прашалник. Едноставно, „кралот“ не би дозволил да пропушти натпревар на Божиќ.

Ниту останатите тимови не се во подобра позиција. Лука Дончиќ е под знак прашалник за мечот против Минесота, загрозен е и настапот на Џејсон Тејтум против Филаделфија…

Ќе видиме каква ќе биде ситуацијата на крајот, но сигурно е дека отсуството на ѕвездите на Божиќ дополнително ќе придонесе за пад на гледаноста на најсилната лига во светот.

НБА натпревари на Божиќ:

Њујорк Никс – Сан Антонио Спарс (18.00 ч.)
Далас Маверикс – Минесота Тимбервулфс (20:30)
Бостон Селтикс – Филаделфија (23.00 ч.)
Голден Стејт Вориорс – ЛА Лејкерс (02.00 часот)
Феникс Санс – Денвер Нагетс (04:30)

Слични содржини