Синоќешната НБА програма ни донесе седум натпревари, со тоа и неколку изненадувачки резултати. Додека Леброн Џејмс и Лос Анџелес Лејкерс се обидуваат да влезат во форма, Торонто Репторс веќе се наоѓаат во одлична серија и стигнаа до деветтата победа во сезоната.

Лос Анџелес Лејкерс изгубија пред домашната публика од тимот на Торонто Репторс со резултат 107:121, а црвеното светло веќе се запали во канцеларијата на Меџик Џонсон, кој пред само неколку дена одржа состанок со тимот на кој се зборуваше за иднината на Лук Волтон на тренерската позиција.
Победничкиот состав го предводеше Серж Ибака, кој постави личен рекорд за најмногу поени на натпревар. На крајот од мечот тој имаше 34 поени и 10 скока, а овој учинок го забележа шутирајќи 15/17 од поле. Одлична поддршка му даде Кајл Лаури со 21 поен и 15 асистенции, но и Паскал Сиакам, кој забележа 16 поени и 13 скока.
https://www.youtube.com/watch?v=8KIkWlFzQp8
Во тимот на Лејкерс ништо ново – како и досега, најдобри играчи на теренот беа Леброн Џејмс и Кајл Кузма, кои постигнаа 18, односно 24 поени. Двоцифрен број поени на крајот од натпреварот имаа уште Брендон Инграм, Лонзо Бол и Ражон Рондо, но ниту еден од нив немаше позначаен учинок. Тимот на Лејкерс веќе се наоѓа во незавидна позиција откако вчера го забележа шестиот пораз во сезоната.
Останати резултати:
Милвоки Бакс – Сакраменто Кингс 144:109
Бруклин Нетс – Филаделфија Севентисиксерс 122:97
Вашингтон Визардс – Њујорк Никс 108:95
Сан Антонио Спарс – Орландо Меџик 110:117
Феникс Санс – Мемфис Гризлис 102:100
Портланд Трејл Блејзерс – Минесота Тимбервулвс 111:81