НБРМ домаќин на е-работилницата посветена на податоците врзани за годишните финансиски сметки

Посветени на статистичките податоци за годишните финансиски сметки на македонската економија, Народната банка денес ќе биде домаќин на новинарите кои ќе бидат дел од е-работилницата.

Како што е најавено, на овој настан ќе се обрати, гувернерката на НБРМ, Анита Ангеловска-Бежоска, по што ќе бидат презентирани статистичките податоци.

За потсетување, Народната банка започна со објавување на овие податоци кон крајот на минатата година. Податоците се изработени согласно меѓународните и европските статистички стандарди и се однесуваат на состојбите на финансиските средства и обврски по финансиски инструменти и подинструменти за секој институционален сектор и потсектор на националната економија, како и на секторот странство.

Слични содржини