Оние кои ќе одлучат на почетокот често се загрижени за совршен чекор, но новата студија покажува дека за телото најдобро е вашиот природен, вообичаен чекор, дури и ако сте неискусни.
Научниците собраа 33 тркачи, меѓу кои имало и искусни и неискусни, за да учествуваат во 20 минутна трка на подвижна трака. Учесниците испробале пет различни брзини на чекор, а во текот на трчањето носеле маски кои мереле количина кислород која телото ја користело. Се покажало дека телото најефикасно користело кислород кога луѓето „природно“ трчале.
Резултатите објавени во научното списание International Journal of Exercise Science, а на нив работеле научници професори од Универзитетот Бригам Јанг, кои и сами се тркачи.
Меѓу учесниците имало 19 искусни тркачи кои во просек седмично трчале 32 километри и 14 неискусни кои не тречаат повеќе од 8 километри неделно.
Научниците исппитале пет различни видови трчаер со помош на метрономи кои заѕвонувале секој пат кога ногата ќе удри во земја. Така тие трчале со нормален чекор, но и по 8 и 16 пати поврзо или поспоро.