„Не е готово“: Нов повик до Трамп да воведе воено законодавство и да ја ангажира армијата

од Stefanija Kuzmanovska
389 прегледи

Сенаторката и кандидат за гувернер на американската држава Вирџинија, Аманда Чејс, крена прашина на социјалните мрежи предлагајќи претседателот на САД да воведе воено законодавство за да може да се одржат „нови фер“ избори.

„Можеме да прифатиме фер избори, но мамење за да се победи – никогаш. Сè уште не е готово“, напиша Чејс на Фејсбук во вторникот.

„Значи, претседателот Трамп има ‘рбет и одбива да се откаже. Претседателот Трамп треба да воведе воено законодавство по препорака на генералот Флин“, додаде таа.

Поранешниот советник за национална безбедност на Трамп, Мајкл Флин, кого претседателот го помилува на крајот на ноември, стана еден од најгласните обожаватели на Трамп по изборите.

На социјалните мрежи, се чини дека Флин ѝ даде значење на идејата за воведување ограничено воено законодавство за да може војската да се вклучи и да ги следи повторените претседателски избори.

„Слободата никогаш не клечи, освен пред Бога“, објави Флин на Твитер на први декември, заедно со изјавата на организацијата We the People Convention, во која беше испратена покана до Трамп да го стори токму тоа.

Додека го повикува Трамп да побара воена помош, Чејс очигледно сè уште има надеж за мнозинскиот републикански Сенат кој се спротивставува на резултатите од гласањето на Изборниот колеџ, што навидум го отвори патот за инаугурацијата на демократот Џо Бајден.

„Шести јануари ќе биде голем ден. Продолжете да се молите и да верувате“, додаде Чејс. На наведениот датум, Конгресот треба да го потврди резултатот од гласањето, повикувајќи се на датумот кога е закажано заседавање на Конгресот за да се потврди резултатот.

Објавата на Чејс предизвика спротивставени мислења на социјалните мрежи. Некои ја осудија и ја нарекоа срамота за државата, сугерирајќи дека треба да ѝ биде одземена функцијата, додека други ја поддржуваа со пораки дека е 100 отсто во право, пренесува РТ.

Слични содржини