Не е мода во прашање: Како настанале високите потпетици?

од desk4
392 прегледи

Чевлите со високи потпетици денеска се симбол на мода и стил и придонесуваат жената која ги носи да изгледа елегантно и грациозно.

Можеби сте мислеле дека се измислени токму поради мода, но вистината е дека првичната намена им била далеку попрактична од само естетика.

Во 15. век, кога најголемиот дел од возилата се движеле влечени од коњи, јавачите поминувале голем дел од времето на седло и минеле големи растојанија. Затоа морало да се најде начин нивните стапала да не се откачуваат од каишите. Во тоа помогнала т.н. јавачка петица, подигнување на задниот дел од обувките, со кое се закачувале за каишите.

Тогашните јавачки обувки многу наликувале на моделот што денеска го нарекуваме каубојска чизма. Во текот на следните години оваа јавачка петица го менувала обликот и големината, за полека, но сигурно, да стане моден императив, наместо практична потреба.

Се верува дека прва ги побарала Катарина, сопругата на грофот Орлеан, која била ниска и сакала на една свеченост да изгледа повисоко. Трендот се раширил низ Франција и потпетиците станале задолжителен дел од облеката на француските аристократки.

Со Француската револуција, штиклите паднале во заборав, а нивното големо враќање било во текот на 60-тите и 70-тите, како и во 80-тите со диско-ерата. Оттогаш, тие се задолжителен дел од изгледот на секоја дама која негува модерен и елегантен изглед.

Слични содржини