Не мислам да го разрешам Филипче заради писмото на хирурзите од ГОБ „8 Септември“, вели Заев

од Берта Китинска

Премиерот Зоран Заев, денеска изјави дека не мисли да го разреши Венко Филипче од функцијата министер за здравство, заради писмото на Хируршкиот колектив во ГОБ „8 Септември“.

-Дали мислам заради писмото на хирурзите од ГОБ „8 Септември“ да го разрешам Венко Филипче, не, не мислам, нагласи Заев.

Министерот за здравство д-р Венко Филипче вчера остварил средба со претставници на хируршкиот колектив на ГОБ 8 Септември и со директорот на болницата д-р Христијан Костов.

-За време на средбата се најде привремено решение за оперативниот програм за следната недела, а во тек на престојните денови министерот со лекарите ќе разговараат и за трајно решение за предизвикот. Министерството за здравство апелира граѓаните да се вакцинираат, најголем број од пациентите се невакцинирани и тоа сериозно го оптеретува здравствениот систем, велат од Кабинетот на министерот.

Хируршкиот колектив во ГОБ „8 Септември“ предупреди дека од понеделник нема да ги изведува закажаните неитни опереации, поради, како што денеска хирурзите наведуваат во отворено писмо упатено до директорот Христијан Костов, здравствените институции и владата излегуваат на протестпациентите кои не се во животозагрозувачка позиција не можат да добијат термин за хируршка интервенција бидејќи во болницата функционираат само две операциони сали од вкупно шест.

Слични содржини