Црните и негативната кампања се во полн ек. Оваа недела ќе бидат со највисокиот пик. 
Централните митинзи не се проблем. Тие се оние фините за пред странците за широки маси, за набљудувачите. Тука не смее да има говор на омраза. На скриените оние со навреди од најдолен вид кон противкандидатот, таму има се, а таму како нарачател се гледаат по симболите луѓето на ВМРО ДПМНЕ читај Гордана Силјановска Давкова. Па таа е нивен кандидат. Не се оградува ,а таа е и професорка. На правен факултет.
На еден фејсбук статус стои.. ..
-До мојата професорка… и појаснува… предмет Етика, во лекцијата Патокази за добро однесување кон себе и другите, децата на 11 години учат: НЕ ИСМЕВАЈ НИКОГО!
А таа сака да биде претседателка на држава !?
Не дискриминирај, исто така пишува во секое четиво за човекови права, а таа пак упорно ги дискриминира мажите дека се лажови, а жените не биле..!? Професорке од кога тоа лагата има пол?
Жените биле вредни а мажите мрзливи- ма немој, од кои мажи ти е искуството ?
Згора на се на денешен ден истата оваа партија, која стои зад неа, и чиј партиски војник е таа , беше денот кога му ја украдоа победата на Стево Пендаровски.
Кандидатот на СДСМ, истиот Стево ,изјави дека во првиот изборен круг, власта на Никола Груевски организирала тежок изборен фалсификат.
– „По слободна проценка, власта ни украде 80 до 100.000 гласови кои реално требаа да бидат на нашето конто“, изјави тогаш Пендаровски
На денешен ден.. во екот на Шарените револуции, му ја запалија канцеларијата на Ѓорѓета кој проба да аболицира, онаму кај Рекорд , се сеќавате нели!
Колку ова е некој црн ден во нашата политичка реалност. Како бројката тринаеска.
Колку е за (Не)Правда , ќе мора да почекаме до денот на гласањето.
Доста митингувања, туку на гласање, таму се исправаат сите (НЕ)правди!
К.Александро