Не можеме да имаме влада во вонредна состојба без парламент, такво нешто не постои, вели Шилегов

од Vladimir Zorba

Не постои политичка партија која тврди дека треба да имаме избори по секоја цена. СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и другите партии велат дека треба да одиме на избори во случај да имаме олеснување на здравствената состојба, изјави првиот човек на Град Скопје, Петре Шилегов за ТВ 24.

Сепак сегашната ситуација е неодржлива откако не може, спореднего, да имаме влада во вонредна состојба, без парламент, која никој не ја контролира.

– Ние за жал се наоѓаме во една меѓу ситуација. Беше распуштено Сообранието, беа распишани изборите и некаде во роковите кои што течат десетина ден пред изборната кампања фати епидемијата со КОВИД-19. Сега имаме две ситуации: Или ако дозволува епидемиолошката слика да одиме на избори, затоа што не можеме да имаме влада со вонредна состојба без парламент, такво нешто не постои во Европа, а не сме тука по наша желба. Или ако се согласиме дека немаме услови да се одржат изборите, што во моментов не може никој да го донесе како проценка, тогаш треба да ја вратиме на сила политичката влада. Тоа ни стои на располагање. Ако како општество сме се согласиле да имаме техничка влада за спроведување избори, а тоа е невозможно поради здравствената состојба, тогаш да ја вратиме назад функцијата на Собранието на РСМ, за да не се дозволи да имаме влада која никој не ја контролира. Во моментов имаме влада која никој не ја контролира, вели градоначалникот.

Имаме, продолжува Шилегов, определена консталација на политички односи кои не се резултат на демократски избори во Македонија.

– Демократијата мора да продолжи да живее и мора како држава и општество да е договориме – ако нема услови да се одржат избори треба да бидеме чесни до крај. Министрите и дополнителните министри на ВМРО-ДПМНЕ да се повлечат, да го вратиме Собранието во функција да ја добиеме политичката влада а на избори да одиме тогаш кога за тоа ќе има услови, додаде Шилегов.

Слични содржини