183
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган им се извини денеска на жителите на провинцијата Адијаман на југоистокот, една од најтешко погодените од разорниот земјотрес на 6 февруари, за доцнењето на пристигнувањето на помошта.
„Поради разорниот ефект од потресите и лошото време, не можевме да работиме како што сакавме првите неколку дена во Адијаман. Се извинувам поради тоа“, рече Ердоган.
Турскиот претседател денеска го посети тој дел од земјата, три недели по земјотресот во кој загинаа повеќе од 44.000 луѓе во Турција.