Не нaпушти големиот Евгениј Евтушенко

од desk2
80 прегледи

Во САД почина големиот руски поет Евгениј Евтушенко. Ова го соопшти неговиот пријател Михаил Моргулис, пренесе ТАСС. Веста беше потврдена и од сопругата на Евтушенко Марија Новиков. Поетот вчера итно беше примен во болница, но и покрај напорите, лекарите не можеле да направат ништо. Евтушенко со години има доста проблеми со здравјето.

Пред неколку години му беа ампутирани нозете, а во 2015 влезе беше во болница поради проблеми со срцето. Тој е автор на повеќе од 150 книги, во 1963 година е номиниран за Нобелова награда за литература. Евгениј Евтушенко е меѓу најголемите поети од новата руска историја.

Тој е исто така писател, режисер, сценарист, новинар, актер. Поезијата му содржи протест против догмите и застојот, смелоста и стремежот кон длабоко разбирање на животот. Прва песна на Евгениј е објавена во 1949 година во весникот “Советски спорт”.

Во 1952 година ја објавува првата книга со стихови. Во 1952 година стана најмладиот член на писателска унија. Се женеше четири пати. Има вкупно петмина синови од сите бракови. Зборува англиски, шпански, италијански и француски јазик. Неговиот омилен поет и писател е Пушкин.

Таткото на Евтушенко е класичниот руски интелктуалец, кој работи како геолог во текот на денот, но во текот на ноќите пишува стихови, ги рецитира и игра карти.

А кога го прашуваат што не му е во ред вели тажно: Ја погрешив епохата! Првата песна на Евтушенко излегува во “Советскиот Спорт” во 1949, кога има само 17 години. Во 1952 година стана најмладиот член на писателска унија. Се сретнал со претседателите Ричард Никсон, Џералд Форд, Џими Картер и Роналд Реган. Холивудски ѕвезди како Ворен Бити се негови пријатели.