Не сакам и нема да го дадам Момо – порача сопругата на пејачот за чие лекување се собираат средства

од desk2
120 прегледи

Фолк пејачот Момо Николоски води битка со тешка болест – канцер на желудник, и му се потребни средства за лекување во странство. Апелот за помош на социјалните мрежи вчера прв го објави неговиот соработник и пријател, композиторот Сашо Ливрински, и веднаш се прошири помеѓу неговите колеги и пошироката јавност.

Околу тоа, што точно се случува со Николоски, и за какво лекување станува збор, ,,Фокус” разговараше со неговата сопруга, Валбурга Батева Николоска.

-Момо има канцер на желудник, направена е операција, но за жал после отворањето на абдоменот се доаѓа до лош наод, карцином со абдоминални метастази. Докторите предлагаат хемотерапија и се друго што може да го понудат понапредни болници во Берлин и Истанбул. Чекаме уште два битни резултати од биопсиите, но времето работи против нас, па се лекуваме и со скапи алтернативни методи. Сумите кои ни ги бараат се движат од 10.000 евра до недостижни плафони. Се наоѓаме во хаотичен период со испланирани секунди во текот на секој ден, а луѓе постојано пишуваат и се јавуваат да дадат морална поддршка, за што сме многу благодарни. За жал, во овој момент не ни даваат мобилни опции за помош, бидејќи во формуларите се бара потврда од странска болница дека таму ќе се оперира и фактура со точниот износ на операцијата. Ние такви податоци не можеме да обезбедиме, затоа што методите можеби и нема да вклучат операција, туку ласерски пристапи или матични клетки – вели Валбурга./Fokus

Целиот текст прочитајте го тука

Сите кои се во можност, можат да донираат на сметката 300 007032927321 Комерцијална банка, на име Момир Николоски.