Не се чувствувам безбедно во Македонија, порача Аца Лукас

- Направија грд потег, на крајот рекоа дека немам дозвола за работа, изјавил Лукас за српските медиуми

од Nikola Popovski
26 прегледи Фото: Принтскрин

По контроверзиите со неговиот настап во кафулето во Кавадарци за време на викендот, српскиот пејач Аца Лукас уште еднаш истакнал дека не бил уапсен и додал дека по овој инцидент повеќе не се чувствува безбедно во Македонија.

– Направија грд потег, на крајот рекоа дека немам дозвола за работа. Го знаеја тоа уште пред настапот, знаеја што имаме, а што немаме, можеа да го забранат настапот. Тенденциозно дојдоа да го прекинат, изјавил Лукас за српските медиуми и додал:

– Не бев уапсен, отидов во полиција со мојот автомобил, но сè заедно беше грдо. Веројатно ќе донесам одлука да не настапувам во Македонија до понатамошно известување бидејќи таму не се чувствувам безбедно. Не поради луѓето, луѓето ме сакаат таму и сакам да пеам таму, но очигледно некој не има на пик, и додека не откриеме кој е тоа, не мислам дека е безбедно да одам таму – рекол пејачот пред камерите на срспки „Ексклузив“.

Вчера српскиот фолк-изведувач и неговиот менаџер Саша Митровиќ најавија дека на 20 декември ќе одржат концерт во арената „Јане Сандански“ во Скопје, а целиот приход, како што велат, ќе го донираат на семејствата на жртвите од трагедијата во Кочани. Дополнително најавија дека ќе ги подмират и сите трошоци кон државата. Лукас и Митровиќ најавија прес-конференција на која, како што тврдат, ќе објаснат дека приведувањето на пејачот во Кавадарци имало „приватна позадина“, а не законска основа.