Постојат луѓе кои дури и да ја измислите совршената лага, ќе ја препознаат и дури и ќе ви дадат до знаење дека се свесни дека лажете.
Со нив подобро е да не си играте, да не се обидувате да ги измамите или да скриете нешто. Полесно е да ја кажете вистината, бидејќи на тој начин нема многу да ви се налутат поради тоа и постојат шанси да ја спасите ситуацијата.
Еве за кои знаци се работи:
Риби
Тие се многи интуитивни, ранливи, чувствителни, но и имаат рентгенска способност да продрат во вашиот мозок и да ве скенираат целосно и врз основа на тоа да заклучат со 100% точност кога ги лажете. Многу добро толкуваат и говор на тело и промени во тонот на зборувањето, па затоа секој обид да ги излажете може да резултира само со конфликт и губење на односот што го имате со нив.
Рак
Ракот е чувствителен и емотивен, со високо развиена способност за емпатија. Со секоја личност сака да се поврзе и на емотивно ниво. Лесно е да ги повредите, а притоа, многу ќе ги боли. Поради тоа имаат развиено одбранбен механизам и успеваат да забележат кога некој не е искрен со нив. Не очекувајте дека можете да скриете лага или предавство и обидете се да не ја предадете нивната доверба.
Скорпија
Тие можат да намирисаат лага и на километри и тоа само поради една причина – и самите се лажговци и манипулатори, па ја препознаваат шемата на однесувањето. Добро знаат како и самите се однесуваат кога лажат и тоа го препознаваат уште во првата секунда кога некој се обидува да скрие нешто од нив, да ги измами, излаже или на каков и да е начин да ги повреди.
Јарец
Јарците сакаат да размислуваат и анализираат. Тие секој настан го премотуваат одново и одново во својата глава, препознаваат знаци, извлекуваат заклучоци и со сосема прецизни методи, само нив познати, носат заклучок дали некој бил искрен со нив или не. Тоа нема да ги повреди многу, туку само ќе им помогне таа личност да ја исклучат од животот од денеска за утре.