Не се продаде мерцедесот на Хитлер и покрај понудата од 7 млн. долари

од desk2
81 прегледи

Еден од само осум предсериски примероци на блиндираниот Мерцедез-Бенз 770K Grosser Open Tourer од 1939 година, кој беше во сопственост на Адолф Хителр, не пронајде нов сопственик на големата аукција.

Иако заинтересираните купуваќи достигнаа понуда од седум милиони долари, таканаречениот „Супер мерцедес“ не е продаден затоа што не ја достигна најниската цена која ја постави сопственикот како лимит.

Реќиси 80 години стариот кабриолет го заплени американската војска во Франција по завршувањето на втората светска војна. Автомобилот смени неколку сопственици и стигна до музејот во Лас Вегас, а американските медиуми веруваат дека во моментот е во сопственост на анонимен Русин, од 2009 година.

Овој автомобил бил специјална порачка на личниот шофер на Хитлер и офицер на озлогласената СС единица Ерик Кемпке. Мерцедесот учествувал на неколку нацистички паради меѓу 1939 и 1941 година, а користен е при официјални посети на функционери.

За да биде фирерот заштитен во него, Мерцедесот е оклопен со арматура од двете страни и по подот. Ветробранот е отпорен на куршуми, а зад седиштата се наоѓа мобилна оклопна плоча.

Моторот е 7,7-осумцилиндарски со 230 кс, со петостепен мануелен менувач.

Моделот, кој аукциската куќа го опиша како конечен споменик на триумфот на сојузниците над злото, е еден од осумте произведени во претсеријата на моделот B150 од серијата 770K, од кои пет преживеаја, а три се во приватна сопственост, вклучително и овој.