Не седнаа на долгата маса: Зошто Путин дозволи да му се доближи „антиваксерот“ Болсонаро?

од Nikola Popovski

За разлика од германскиот канцелар Олаф Шолц и францускиот претседател Емануел Макрон, бразилскиот претседател Жаир Болсонаро успеа да се „доближи“ до рускиот претседател Владимир Путин и да ја избегне познатата бела маса долга шест метри.

Имено, веќе со денови на социјалните мрежи се шегуваат за средбите на споменатите државници со Путин, бидејќи поради должината на масата многумина сугерираа дека Путин и неговите соговорници можат да играат тенис, додека други изјавија дека имало место и за сите учесници на „Тајната вечера“.

Сепак, имало многу поповолен однос кон Болсонаро, што ги потврди шпекулациите дека овие двајца претседатели се исклучително блиски.

Болсонаро не само што не седна од другата страна на масата, на растојание од пет метри, туку седеше со Путин и неговите соработници на само еден метар.

Исто така, двајцата претседатели беа фотографирани како се ракуваат и позираат еден до друг, што не беше случај со Макрон и Шолц.

Да потсетиме, и Шолц и Макрон при слетувањето во Москва, одбија ПЦР тестирање од руски здравствени работници, поради што беше побарано од лекар од германската амбасада во Русија лично да го тестира канцеларот во Москва.

Бидејќи руските функционери не се сигурни за ПЦР тестовите што ги спроведуваат другите земји, Путин одлучи да ги седне на познатата маса долга дури шест метри.

Сепак, овие причини никако не се убедливи ако се земе предвид дека Болсонаро не е вакциниран, а познато е дека ниту верува во короната.

 

Слични содржини