„НЕ за војната“: Рускиот суд нареди апсење на новинарката Овсјаникова (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Рускиот суд нареди апсење на поранешната новинарка на руската државна телевизија Марина Овсјаникова, објави новинската агенција „Интерфакс“.

Овсјаникова ѝ стана позната на пошироката јавност затоа што во март, по почетокот на војната во Украина, на телевизиска програма во живо се појави со натпис „НЕ за војната“.

Таа е обвинета за ширење лажни информации за руските вооружени сили, поради што може да биде осудена на 10 години затвор.

Слични содржини