Небиу: Со Законот за конфискуван имот ќе се реши деценискиот проблем со илјадниците стари возила ширум земјата

од Nikola Popovski
237 прегледи

Донесувањето на новиот Закон за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривична и прекршочна постапка е резултат на потребата за унапредување на законските одредби како резултат на утврдените недоследности и проблеми во практиката од страна на вработените во Агенцијата за управување со одземениот имот- мојот тим, кои несебично заедно со мене дадоа свој придонес од првиот ден на моето именување. Голема благодарност до Министерот за правда Кренар Лога кој даде огромна поддршка за Законот, Владата на Република Северна Македонија и до работната група која професионално и детално работеше активно, соопшти денеска директорот на Агенцијата за управување со одземен имот, Дритон Небиу.

Со донесување на Законот, Небиу смета дека ќе биде решен огромен државен децениски проблем произлезен од илјадниците стари возила кои се распространети ширум територијата во нашата земја.

Според него, најголемиот дел од направените измени се во насока на подобрување на постојната правна рамка во која има недоволно јасни постапки во однос на извршувањето на решенијата и пресудите за конфискација на имот и имотна корист.

-Промени на не доволно јасните аспекти поврзани со имот кој е конфискуван од правни субјекти, а над кои е отворена стечајна постапка, конфискација на дивоградбите, прашања поврзани со заложно право над конфискуваниот имот, прашања поврзани со проценката, продажбата на имотот, терминолошко унапредување, унапредување на одредбите за социјално повторно користење (social reuse) на привремено одземениот имот, трајно одземениот имот и конфискуваниот имот, воведување Регистар, a воедно предвидено е Агенцијата да задржува 7 (% ) проценти од вредноста на остварениот приход од секоја продажба на одземените предмети и конфискуваниот имот од страна на Агенцијата, со цел за ефикасен менаџмент, стои во соопштението на Небиу.

Од Министерството за правда вчера информираа дека целта е да се овозможи брза и ефикасна постапка во која конфискуваниот имот со правосилна судска одлука успешно ќе се продаде и ќе се овозможи враќање на криминално стекнатите средства и имот.

„Успешната конфискација означува успешно завршување и заокружување на претходно водените постапки пред јавните обвинителства, пред другите органи и пред судовите“, велат од Министерството.

Со новото законско решение, како што се додава, се надминуваат утврдените проблеми преку воведување нови механизми во согласност со европските и меѓународните стандарди за постапување со оваа материја.

Слични содржини