Собранието го донесе Законот за управување со конфискуван имот

од Nikola Popovski

Собранието го донесе Законот за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривична и прекршочна постапка, информираат од Министерството за правда.

Целта е да се овозможи брза и ефикасна постапка во која конфискуваниот имот со правосилна судска одлука успешно ќе се продаде и ќе се овозможи враќање на криминално стекнатите средства и имот.

Успешната конфискација означува успешно завршување и заокружување на претходно водените постапки пред јавните обвинителства, пред другите органи и пред судовите.

Со новото законско решение се надминуваат утврдените проблеми, преку воведување на нови механизми согласно европските и меѓународните стандарди за постапување со оваа материја, стои во соопштението.

Слични содржини