Алијанса го осуди синоќешниот напад врз Небиу во Тетово

од Nikola Popovski

Најостро го осудуваме синоќешниот физички напад на Кренар Османи, врз членовите на Алијансата за Албанците и директорот, Дритон Небиу, што се случи веднаш по прес-конференцијата на претседателот на Собранието на АА, велат од оваа партија.

Случајот, како што истакнуваат, е пријавен до органите на прогонот и ги повикуваат да го расветлат и случајот да добие соодветен правен заклучок.

Ваквите настани, според Алијанса за Албанците, се неподносливи и имаат за цел оцрнување на единствениот политички субјект што се познава по традицијата на демократските и институционалните вредности.

„Апелираме до достојните членови на Алијансата за Албанците да се воздржат во овие одлучувачки денови да не станат и подлегнат на луѓе кои сакаат да му наштетат на нашиот голем и чист дом“, се потенцира во соопштението од Алијанса за Албанците.

Слични содржини