Докторката од Барселона, Силвана Бонино, беше шокиран кога ја прочитала пораката „Заразен стаорец“ на својот автомобил и набргу ја пријавила во каталонската регионална полиција.
Не требало долго за осомничениот да биде пронајден и против него да биде покрената истрага за наводното кривично дело омраза, соопштил портпаролот на каталонската полиција. Тој додал дека полицијата ги следи социјалните мрежи за да спречи насилство врз здравствените работници.
„Можеме да примаме само жалби и да постапуваме според нив. Покрај тоа, не можеме многу да сториме“, додаде полицискиот портпарол.
Д-р Мендез од малиот шпански град Сиудад Реал, во областа Ла Манча, пронашол порака на влезната врата од неговиот стан.
„Знаеме за вашата добра болничка грижа во болницата, но мора да размислите на децата и постарите лица што живеат во зградата. Постојат и други места на кои можете да останете. Ве молам, размислете за ова“
Д-р Мендез изјавил дека е тажен од пораката, но сфатил дека КОВИД-19 и нанел голема штета на својата земја.
„Дамата која ја напишала пораката делувала импулсивно, но сепак, не ја обвинувам“, вели овој доктор.
Тој верува дека ваквите инциденти се ретки. „Освен тоа, одговорот од мојата околина беше исполнет со благодарност. Градоначалникот дури ми донесе благодарница, а еден сосед остави плакат на мојата врата на кој пишуваше „Овде живее херој“, рече д-р Мендез.
Низ цела Шпанија, во 20 часот по локално време, милиони Шпанци аплаудираат од нивните балкони и прозорците за да им се заблагодарат на здравствените работници што работеле и се уште се борат за време на пандемијата на коронавирус.