Неделен хороскоп од 23 до 29 март: Лавовите сакаат да се ослободат од минатото, Скорпиите паничат и губат трпение

од Весна Трајкова
16 прегледи Фото: Liza Summer / Pexels

Пролетта пристигна, а со неа и нови предизвици што го очекуваат секој хороскопски знак. Додека уживате во убавото време и го завршувате овој месец, дознајте што ви порачуваат ѕвездите на полето на љубовта, работата и здравјето за периодот од 23 до 29 март 2026 година.

Хороскопот за вас го подготви астрологот Олга Савиќ, Venerasapapilotnom.com

Овен

Блиските ве поддржуваат, но исто така предизвикуваат расправии. Со чување тајни можете да го искомплицирате вашиот живот, затоа обрнете внимание на тоа што правите и со кого.

Бик

Сенките од минатото се тука за да ве потсетуваат, но и покрај тоа, ќе пуштите нови луѓе во вашиот живот и ќе продолжите понатаму. Ви треба повеќе одмор.

Близнаци

Желбите се едно, можностите и реалноста се нешто сосема друго. Имате добри деловни планови, но не е реално дека сè ќе се оствари како што вие сте замислувале.

Рак

Кај вас многу почесто се вклучени емоциите, а мозокот е „исклучен“. Не би било лошо тоа да го замените. Намалете ја пречувствителноста, нека повеќе ви работи разумот.

Лав
Односот со партнерот бара јасност, отвореност и одговорност – очигледно е дека нешто во вашата приказна се менува, но тие промени не мора да бидат лоши..

Девица

Слободните Девици се збунети, додека вие чекате некој да го направи првиот потег, во меѓувреме животот минува. Обрнете внимание на здравјето.

Вага

Несогласувањата со вашиот партнер ќе ве излудат, но треба да знаете дека поентата не е да се попуштите, туку да го решите проблемот.

Скорпија

Периодот во кој се наоѓате ќе бара одговорност, добра организација, фокусираност – а ќе ви донесе поголеми обврски и соработници, но и едното и другото можат да се покажат како многу поволни за вас.

Стрелец

Оставивте многу прашања неодговорени, а тие наскоро ќе ве стигнат. Слободните Стрелци не се вистински подготвени за нова голема љубов.

Јарец

Насочете ја вашата енергија кон вашето семејство, па и комуникацијата со саканата личност исто така ќе се подобри. Комуницкацијата во моментов е лоша. Постарите хронично болни пациенти треба да одат на контрола

Водолија

Слободните Водолии – можеби ви се чини дека со некого имате силна поврзаност, разбирање и согласност за секоја тема. Сепак, не брзајте.

Риби

Маглата се крева од сè што ви било нејасно и без одговор, па затоа ќе видите некои ситуации многу појасно.