Неделен хороскоп: Раковите со променливо расположение, Лавовите емотивно ладни

од Elena Daskalova
305 прегледи

Со овој неделен хороскоп ги покриваме последните денови од 2019 и првите од 2020. Дознајте какви ќе ви бидат, кога се во прашање љубовта, парите, работата, но и социјалниот живот.

Овен

Можни се мали конфликти на љубовен план, со саканата личност, но за кратко време овие ситни проблеми ќе бидат лесно надминати. Ако сте сингл, при крајот на неделата ги преземате нештата во своите раце и стапувате во акција. Нема да работите, туку ќе го искористите заслужениот одмор. Ако не го направите тоа, може да се соочите со прегревање од работа. Парите ги потрошивте побрзо отколку што планиравте. Одмарајте и добро наспијте се, но внимавајте и да не претерувате со празничната храна.

Бик

Партнерот ве нервира, ве иритира што не е тука кога ви е потребен. Комуникацијата е лоша, но тоа е од двете страни, не само од едната. После празниците ќе се смири негативната енергија. Слободните Бикови ќе запознаат личност со која ќе имаат прекрасни значајни моменти. На работа ќе мора да се појавите веднаш по празниците. За среќа, задачите нема да бидат многу тешки. Финансиската ситуација е стабилна. Тоа не може да се каже за здравствената, бидејќи сте хронично уморни. Внимавајте на себе.

Близнаци

Оваа недела ви носи подобрување на поле на личните односи, дури и покрај слабите тензии меѓу вас. Ако сте слободни, прилики ќе има многу, но вие нема да умеете да ја изберете вистинската. Работа има, но вие сакате малку да бидете мрзливи. Но, искористете го времето да ги завршите ситните работи кои ви преостанаа. На финансиски план ситуацијата не е лоша. Можни се проблеми со стомакот и цревата. Не претерувајте со храната.

Што им носи неделава на останатите хороскопски знаци, прочитајте ТУКА.

Слични содржини