Актуелно
Почетна / Магазин / Неделен хороскоп: Вагите да научат да прифаќаат компромиси

Неделен хороскоп: Вагите да научат да прифаќаат компромиси

Прочитајте што ви носат ѕвездите за периодот од 23 до 29 март, според вашиот хороскопски знак.

Овен

Приватниот живот ви е добар и сè ви оди од рака. Имате поддршка од саканата личност иако има и недоразбирања. Некои проблеми со семејството треба да ги решите сега. Добро е и на работа, имате меѓусебна почит со колегите. Треба да бидете свесни за сопствените квалитети.

Бик

Иако се изгледа како да е во ред, всушност вие во вашата врска се чувствувате неисполнето и ненамерно поставивте дистанца. Воздржете се од коментари. Имате ситни професионални ангажмани, што значи дека со финансиите сте сосема во ред. Не претерувајте со големи количини храна.

Близнаци

Семејството и работата ви одземаат толку многу време и внимание, што не ви останува сила за да се посветите повеќе на љубовта. Но, ќе запознаете личност со која ќе имате магична хемија. Разбудете го уметникот во себе во текот на овие денови. Не правете ништо со сила.

Рак

Уживате во мали и убави нешта, без големи амбиции во љубовта. Целосно сте релаксирани. Ќе имате прилика да помогнете на личност на која тоа ѝ е потребно, па таквата постапка ќе ви ја врати вербата во себе. Не претерувајте со физичка активност, чувајте го здравјето.

Лав

Саканата личност ви дава мир и во овие времиња, дури и кога сте разделени. Оние кои не се во врска не чувствуваат потреба да го променат тој статус, туку конечно уживаат целосно во тишината и самотијата. Работите со голема леснотија и покажувате дека сте дораснати на своите задачи. Не се сомневајте во себе.

Девица

Љубезни сте и со тоа привлекувате луѓе кои вообичаено не ви се допаѓаат. Потпрете се на својот шарм. Имате уште неколку борби во кои ќе победите и потоа ќе уживате во професионалниот статус кој самите ќе го постигнете. Ништо не може да помине незабележано од ваша страна.

Вага

Бидете љубезни со саканата личност и не ѝ земајте ништо за зло. Подобро е отворено да разговарате. Со работата, можете многу повеќе отколку што ви се чини. За сè ви треба трпение. Сакате да истражувате нови нешта, се интересирате за нови теми, читате и надополнувате знаења.

Скорпија

Вашиот шарм работи со полна пареа дури и кога не е време ниту место за тоа. Умеете одлично да се снајдете и во меѓучовечките односи и во работата. На понеискусните им се потребни вашето знаење и волјата да помогнете, а вас сосема ви одговара да го споделите она што го знаете и да бидете нечиј ментор.

Стрелец

Околу вас има интересни личности со кои сакате да поминувате повеќе време. Соработувате, но и не заборавате да се изборите за сопствените права и за она што ви следува. Не бегајте од своите одговорности. Бидете искрени, а најмногу кон себе.

Јарец

Отворени сте и верувате дека на вашето добро секој ќе врати со уште подобро. Но, ви советуваме да не пристапувате со толкава наивност. На помладите соработници им покажувате како најлесно да се снајдат со работните задачи. Полни сте со совети и со добри мисли и намери.

Водолија

Сакате да се релаксирате и да уживате, но постојано нешто ви ги привлекува вниманието и не ви дава мир. Ви се чини дека секој напор што го вложувате е залуден. Работите рутински и по навика. Наскоро оваа фаза ќе помине и ќе се вратите во нормала.

Риби

Имате потреба за сигурност. Збунети сте и често ги менувате мислењата и ставовите. Од друга страна, на работа сте инвентивни и професионални, дури и повеќе од што е потребно. На сите околу вас им годи вашето друштво.

loading...