Неделков очекува членството на СОНК да прифати покачување на платите за 15%

од Nikola Popovski

Во препораката од преговарачот ќе стои дека платите во дејноста образование ќе се зголемат за 15% од месец септември. Овој процент ќе важи и со МТСП, тоа беше потврдено на средбата со министерката Тренчевска, информира претседателот на СОНК, Јаким Неделков после средбата во Министерството за образование и наука.

Неделков појасни дека се согласиле со МОН ваква ситуација повеќе да не се случува.

-Овој процент на покачување на платите ќе важи и за вработените во градинките. Се на сѐ, сметам дека нашето членство ќе ги прифати овие пораки од помирувачот и ова ќе се преточи во спогодба. Претходно ова треба да помине на одлучување меѓу членството и во Советот на СОНК. Во рок најдоцна од десет дена треба да се потпише спогодбата, кажа Недеков пред новинарите.

Претседателот на СОНК информира дека во текот на утрешниот ден имаат уште една средба со министерката за труд и социјална политика, на која ќе се обидат да најдат соломонско решение за исплатата на дневниците за вработените во градинките кои беа во штрајк.

Слични содржини