Неколку чаши алкохол на ден можат да го намалат ризикот од оваа болест

од Stefanija Kuzmanovska

Две чаши алкохолни пијалоци дневно помагаат да се намали ризикот од деменција за повеќе од една третина, покажа едно истражување.

Откако ги анализирале навиките за пиење на речиси 25.000 луѓе постари од 60 години, експертите откриле дека луѓето кои не пијат се изложени на најголем ризик да развијат болест со исцрпување на мозокот.

За споредба, луѓето кои пиеле еден до два пијалока дневно имале 38 отсто помал ризик.

Научниците тврдат дека алкохолот може да го заштити срцето, што пак помага да се намали ризикот од деменција. Друга теорија е дека го намалува создавањето на токсични протеини поврзани со Алцхајмерова болест.

„Пиењето до пет единици дневно е поврзано со помал ризик од деменција во споредба со доживотната апстиненција“, наведува д-р Луиз Мевтон.

„Резултатите покажаа дека луѓето кои никогаш не пиеле алкохол имаат поголема веројатност да развијат деменција од оние кои пиеле . Овие резултати се во согласност со претходните истражувања на оваа тема, кои исто така покажуваат дека прекумерното консумирање алкохол, како и непиењето, се поврзани со поголем ризик од деменција“, заклучи д-р Сара Имасио.

Слични содржини