Неколку градски области погодени во напад со дронови врз Киев

од Stefanija Kuzmanovska

Киев ноќеска бил под масовен напад од руски дронови, а градоначалникот на главниот град на Украина, Виталиј Кличко, и други градски функционери пријавија напади врз неколку градски области, пренесе „Ројтерс“.

Кличко наведе дека дрон погодил неколку станови во областа Соломјански, јужно од центарот на градот, што предизвикало пожар.

„Горните катови се во пламен, итните служби се на терен“, истакнал Кличко.

Слични содржини