За време на студените месеци, некои луѓе избираат храна која всушност не е добра за организмот бидејќи влијае на нивото на енергија.
Една храна која многу луѓе сакаат да ја јадат како ужина е всушност добар избор кога станува збор за зимската исхрана.
За „Health Shots“, нутриционистите ги издвоија кикириките како таква храна и споделија шест причини зошто повремено треба да ги вклучите во исхраната како здрава алтернатива за чоколади, чипс и слични опции.
Богата со здрави масти
Кикириките се одличен извор на здрави масти, особено мононезаситени масти, кои можат да ви помогнат да останете енергични во текот на постудените месеци. Овие масти го поддржуваат и здравјето на срцето со намалување на нивото на лошиот холестерол.
Позитивно влијае на енергијата
За време на студените месеци често може да се чувствувате слабо, но кикириките се одлична ужина за да го зголемите нивото на енергија. Комбинацијата на здрави масти, протеини и влакна во кикириките го зголемува нивото на енергија, одржувајќи ве активни и будни дури и во студените денови.
Го подобрува здравјето на кожата
Ладниот воздух може да ја исуши кожата, но кикириките содржат ниацин (витамин Б3), кој помага кожата да биде хидрирана, сјајна и здрава. Оваа храна ја поттикнува циркулацијата на крвта, што може да биде особено корисно кога надвор е ладно.
Го зајакнува имунитетот
Преполни со витамини како витаминот Е, кикириките помагаат во зајакнувањето на имунолошкиот систем, што е особено важно во зима кога настинките и грипот се почести. Витаминот Е е моќен антиоксиданс кој се бори против инфекции.
Го регулира нивото на шеќер во крвта
Протеините и влакната во кикириките помагаат во регулирањето на нивото на шеќер во крвта. Ова ги прави одлична закуска за оние со дијабетес или за оние кои сакаат да одржуваат стабилно ниво на енергија во текот на денот.
Поддршка за варење
Кикириките се добар извор на влакна кои го помагаат варењето. Влакната помагаат да се одржува непречено функционирање на вашиот дигестивен систем, што е од суштинско значење кога јадете потешка храна во зима што може да влијае на нормалното варење.