
Руската престолнина Москва е најголем град во Европа. Всушност, таа е толку голема што го надминува населението на голем дел од земјите во светот.
Со своите 12 милиони жители, градот е во Топ 10 од нјаголеми градови во светот. Во Москва живеат повеќе жители од Норвешка и Швајцарија. Или од оние на Португалија и Естонија, како и на Финска и Данска.
Сите ние сме слушнале колку е неверојатно московското метро. Тоадневно го користат околу 9 милиони луѓе. 12-те негови линии се со должина од 310 километри. Располага со 82 станици и речиси 10.000 единици, кои во најпрометните часови се движат на 90 секунди. Малку луѓе знаат дека има друга тајна метро мрежа. Ја нарекуваат Метро-2.
Се верува дека таа поврзува серија од воени бункери со Кремљ и други стратешки капацитети. Се разбира, нема официјална потврда дали таа постои. Руската престолнина спаѓа во топ 3 на градовите со најголем број милијардери на светот. Таа го претрка дури и американскиот Њујорк и кинескиот мегаполис Хонгконг. Во првиот живеат 97 лица со состојба над милијарда, а во вториот – 79. Москва може да се пофали со 73 милијардери, кои поседуваат општа состојба од 297 милијарди долари.
Голем дел од нив, вклучувајќи Роман Абрамович, живеат во Заречие – Поранешно работничко село, кое денес е кварт на богатите. За време на својата долга историја Москва е опожарена безброј пати, бидејќи куќите во минатото главно биле дрвени.
Во 1737 година е еден од најсилните пожари. На 29 јуни 1904 година, градот пак доживува вистинско торнадо што уништува неколку блиски села (во рамките на денешна Москва) и ги искорнува световните дрвја во реонот на Соколники. Во 2013 година едно од најсилните земјотреси во историјата на Земјата, се тресе и Москва. Земјотресот со интензитет од 8,2 степени по Рихтер се чувствува во цела Азија и делови од Европа. Катедралата “Успение Богородично” во Кремљ е најстарата преживеана зграда во Москва.
До денес таа стара 538 години. Изградена на 12 август 1479 година. Кремљ – најголемата средновековна тврдина во светот, е историски комплекс во центарот на руската престолнина, прогласен е за еден од најубавите претседателски палати на планетата.
Зградата каква што ја познаваме денес, е изграден од Италијанци. Кога во XV век ѕидовите и храмовите се распаѓаат и се потребни поправки, руските архитекти не успеваат да се справат со овој проблем. Така Иван III поканува странски експерти во Москва, под раководство на кои се изградени нови храмови и ѕидови. Првично белиот, Кремљ е ребрендиран во црвено по Октомвриската револуција, кога главниот град на земјата е вратена во Москва од Петроград. Најдолгата река во Европа е Волга. Таа се протега на 3690 км и има повеќе од 200 реки што се влеваат во неа.
Ако нивните должини се соберат тогаш се добиваат неверојатние 357.000 км. Москва е поврзана со Волга со канал. Наречен канал Москва, а тој ги поврзува реките Волга и Москва. Отворен на 15 јули 1937 година, тој е изграден за четири години од затвореници од Гулаг.
Должината му е 128 километри, а преку него руската престолнина има врска со 5 мориња – Бело море, Балтичко Море, Каспиското Море, Азовско Море и Црното Море. Руската престолнина може да се пофали со повеќе од 3.500 историски улици, патеки, булевари, автопатишта и брзи патни артерии. Една од најстарите од нив е улица Арбана. Таа е стара 520 години.
Молочниј переулок пак е во топ 10 на улици со најскапи недвижности во светот. Тука квадратен метар чини 30 500 долари по квадратен метар. Најскапата московска улица, на која може да се изнајми имот, пак е Столешников.
Ако сакате таму да оторите бутик, ќе треба секој месец за кирија да одделувате по 3 950 евра. Паркот Измајлово е еден од најголемите урбани паркови во светот. Тој се протега на 15.34 квадратни километри, или 1534 хектари. Се смета дека е шест пати поголем од Централ Парк во Њујорк и 30 пати поголем од другото познато московска обележје паркот “Абрамцев”.