Партнерите кои постојано се караат, најчесто ниту ја знаат причината, но едноставно сакаат што побзо да заврши. Експертите откриле како тоа да се постигне. На партнерот треба да му покажете дека сте на иста страна, односно дека сте во ист тим, а со самото тоа караницата ќе го смени патот.
– Кога ќе кажете дека сте на иста страна дајте му до знаење дека не сте непријатели, а тој тогаш се фокусира на слушање, компромис и барање на решение на проблемот наместо да продолжи да се распрва – рекла Ешли Инес, експерт за љубовни врски.
На овој начин кавгата ќе заврши, а партнерот ќе ја разбере и другата страна. Со оваа едноставна реченица расправијата ќе прекине барем на 10 или 15 минути, а тој период е доволен да се смират чукањата на срцето и да продолжете нормално да функционирате.
Друга докторка и брачна терапевтка, Џенифер Чапел Марш, вели дека обичните разговори често се претвораат во расправија поради начинот на комуницирање. Кај фразата „на иста страна сме“, тензијата се смирува како и желбата да се победи во расправијата, а проблемот понатаму се решава на мирен пат, пишува Huffington Post.
Уште една терапевтка Винфрид Рејли рекла:
„Добро е да се знае дека кога една личност ќе победи, а другата ќе биде поразена, всушност двајцата губат“
Иако караниците понекогаш се добри за врската, важно е да се знае границата и добро е да се застане пред неа, пред да настанат нови проблеми.