Нема да им биде лесно: Два хороскопски знака на кои ќе им влијае ретроградниот Меркур

од Stefanija Kuzmanovska
855 прегледи

Последниот ретрограден Меркур во годината ни доаѓа на 13 декември и ќе трае до први јануари 2024 година, па можете да му ги припишете тешкотиите со кои потенцијално ќе наидете за време на празниците.

Иако оваа појава погодува многумина, два хороскопски знака особено би можеле да ја почувствуваат на својата кожа:

Стрелец
На 13 декември Меркур ретроградно влегува во знакот Стрелец, па овој хороскопски знак ќе биде најранлив. Како прво, тоа ќе го почувствувате во домашниот буџет, кој би можел да биде потенок од вообичаеното. Ќе потрошите многу пари на подароци, а овој потег ќе ве потсети дека поентата на празниците е нешто друго.

Бидејќи Меркур влијае на втората куќа – онаа на стабилност и самопочит, ќе се запрашате кои се навистина вашите приоритети во животот. Покрај финансиите, ретроградниот Меркур ќе влијае и на односите со другите, а во овој период ќе се чувствувате погрешно разбрани.

По први јануари проблемите ќе исчезнат, а потоа ќе почнете да дишете со полна плуќа.

Јарец
Ова ќе биде турбулентно возење за Јарците. Луѓето под овој знак ќе имаат сериозни прашања низ нивните глави. Кој сум јас? Кој станувам јас? Кој бев јас до сега? Овие размислувања ќе поттикнат некои важни промени во животот, кои се неопходни за да се најде личен мир.

Оваа ретроградност ќе ве поттикне да се ослободите од вината, жалењето и гневот за кои сте се држеле подолго отколку што заслужувате. Си должите извинување што повторно се ставивте на последно место.

Иако постојано чувствувате потреба да им угодувате на другите луѓе, веќе на почетокот на годината ќе сфатите дека тоа не е добро за вас. Тогаш започнува времето на самопочит и остварување на целите, кои досега беа само неостварени соништа.

Слични содржини