Нема да поверувате колку отровна е домашната прашина

од Vladimir Zorba
96 прегледи

Хемикалии од препарати се мешаат со обичната “нечистотија”. Децата преземат најголеми количества .Прашината не изложува на повеќе токсични хемикалии поврзани со тешки здравствени проблеми. Најпогодени од оваа агресија се децата и особено најмалите кои поминуваат многу време на подот. Ова го велат експертите за јавно здравје од универзитетот “Џорџ Вашингтон” во Вашингтон, САД.

1474210719-frfr
Екипата открива 45 потенцијално штетни хемикалии кои се користат во производи како винил прозиводите, стока за хигиена, чистечки производи, градежни материјали и мебелот дома. во првата од ваков вид мета-анализа научниците ја рангираат на водечкото место меѓу токсините во домашната прашина хемикалијата DEHP – супстанција од групата на фталати, кои се користат речиси во сè – од домаќинсски препарати во пакувања за козметика, парфеми, како и во производи за лична хигиена. Фенол – хемикалите кои се користат во производи за чистење и други предмети за домаќинството, се втори на листата на највисоките концентрации.

Следуваат супстанции кои се користат за чистење на зачадени површини, и силно флуорирани хемикалии кои често се вложуваат во нелепливи садови. Потенцијално токсичните хемикалии се испуштаат во воздухот и се спојуваат со правот, кој покрива со невидлив, а понекогаш и многу забележливо прав врз мебелот дома и по подот. Значи сите во домот се изложени на вдишување на штетни компоненти, а некои од отровите директно се апсорбираат преку кожата. Бебињата и малите деца логично се изложени на поголем ризик. Кога лазат или играат, тие “убедливо” ги дишат правливите подови, ги ставаат своите раце во устата, ги допораат играчките или предметите кои се покриени со видливи или невидливи честички.