Нема да поверувате што се случува со вашето тело ако редовно одите во сауна!

од desk4
106 прегледи

Експерти од Велика Британија и Финска спровеле опширни истражувања за ефектот на редовните посети на сауни и нивното влијание врз човечкото тело. Неколку години, група научници го проучувале ефектот на пареата врз луѓето.

Волонтерите биле 1.620 мажи кои неколку години морале да одат во бања или сауна. Тие посетувале сауна 4 до 7 пати неделно, по што ризикот од хипертензија се намалил за 50%.

Научниците го објаснуваат овој факт со зголемувањето на температурата при што срцевиот ритам се забрзува и крвните садови се шират. Како резултат на редовни посети, циркулацијата на крвта се подобрува и ризикот од висок крвен притисок е значително намален.

Исто така, научниците открија дека честите посети на сауната значително ги намалуваат шансите за развој на пневмонија и сериозни акутни респираторни заболувања.

Имајте на ум дека студијата за ефектот на пареата врз човечкото тело се извршила повеќе пати. Друга група научници, во период од 20 години, ја следеле здравствената состојба на 2.300 луѓе.

Резултатите од нивната научна работа се објавени во 2015 година, кои покажаа дека редовните посети на бањи го намалуваат ризикот од мозочен удар и деменција кај постарите лица и исто така придонесуваат за долговечноста.