Нема деколтеа, играње ниту бакнување на претседателот oва се строгите правила на протоколот на инаугурацијата

од desk3
85 прегледи
 Се е подготвено за инаугурацијата на новоизбраниот претседател Алексанар  Вучиќ кој ќе биде  одлржана денес во “Палата Србија”, на која ќе присуствуваат околу 5.000 луѓе. Ќе можат да му честитаат исклучиво само државници, а секој кој нема да ги почиутва правилата на облекување, нема да може да влезе. 

 

Како што наведува еден висок дипломат, очекувано е дека нема сите 5.000 глости да можат да му честитаат на претседателот. Таа чест ќе им биде препуштена само на државнбиците, додека останатите треба да бидат почестени бидејќи се повикани. Правило е претседателот да се ракува и да не се задржува во разговорот подолко од десет секунди. Бакнежите и прегратките обично не се дел од дипломатскиот протокол.
Бидејќи   5.000 гости нема да се соберат во една сала, планирано е да тие циркулираат низ неколку салони и холови. Секоја сала ќе биде декорирана на подруг начин, инспирирана од одреден дел на Србија, па согласно  ќе се служат и традиционални јадења специфични за тоа поднебје.
Според строгиот дрес-код, жените можат да облечат коктел елегантни фустани, кои ќе бидат со пристојна должина (под колена) и не би требало претерано да го истакнуваат деколтето. Мажите ќе мораат да носат исклучиво црни или темни одела, така да белата, светло сивата и беж нијансите не се пожелни за инаугурација.

На инугурацијата е најавен настап на трубачот Дејан Петровиќ, но и покрај тоа нема да се смета за примерно ако некој од гостите почне да “џуска”, но и да претерува со алкохолот.

Во ходниците и салите се наоѓаат уметничките поставки од неколу музеи. Една од нив е изложбата на 17 римски императори родени на тлото на Србија која го обиколи цлиот свет и се сместила во “Палатата Србија”, по повод свечениот приоем на претседателот на Србија  Александар Вучиќ. Поставката се наоѓа во источниот хол додека во Салонот Србија се ноѓа плаштот на кнезот Лазар. Тоа е дел од одората која кнезот Лазар ја носел во Косовскиот бој и во неа загинал, а e една од најзначајните историски предмети кои Србија ги има, со обзир на фактот дека текстилот е многу тешко да се сочува.