Нема граѓани заболени од антракс

од desk2
118 прегледи

Во однос на информациите дека кај добитокот во делови од државава се појавила заразата болест антракс, Министерството за здравство информира дека на територијата на Република Северна Македонија нема заболени граѓани од антракс.

„Ситуацијата внимателно се следи и се постапува високо стручно по најсовремени светски протоколи. Преземени се сите потребни мерки за превенција со профилакса од антракс“, информираат од ресорното министерство.

Членот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Цветан Трипуновски, денеска во јавноста сподели информација дека наводно на ветеринарниот факултет се испитувал примерок од угината овца каде е детектирана болеста антракс, по што, како што кажа, околу 30-ина вработени на Факултетот ја посетиле инфективната клиника во Скопје и се моментално под терапија.