Нема ниту еден позитивен на Ковид-19, жителите на овие четири македонски градови се со најсилен имунитет!

од Берта Китинска
545 прегледи

Новите податоци за коронавирусот во државава, покажуваат дека се регистрирани 1.442 заболени, 627 излекувани, 73 починати и 742 активни случаи.

Заболени од коронавирус се регистрирани во: Скопје – 493, Куманово – 384, Дебар – 51, Штип-34, Прилеп –147, Тетово – 76, Струга – 66, Велес – 69, Битола –19, Охрид –15, Кавадарци – 5, Гостивар –17, Гевгелија – 4, Струмица – 2, Крива Паланка- 5, Радовиш – 4, Крушево – 3, Кочани – 28, Пробиштип – 2, Кичево – 2, Неготино -7, Демир Хисар – 1, Македонски Брод – 2, Пехчево – 2, Делчево- 1, Валандово -1, Виница – 2.

Досега во земјата се направени вкупно 16.050 тестирања на Ковид -19.На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби хоспитализирани се 52 пациенти од кои 28 се на кислородна поддршка, а тројца се на механичка вентилација. Во ГОБ „8 Септември“ хоспитализирани се 35 пациенти од кои со потешка клиничка слика се пет пациенти, а шест се на механичка вентилација.

Според мапата на Институтот за јавно здравје бројот на заштитени зони во Македонија пополека се намалува односно во Ресен, Берово, Кратово и Свети Николе се без ни еден регистрирани позитивен случај на Ковид 19.

Највисока кумулативна инциденца на 100.000 жители се регистрира во Куманово со 269,1 заболени на 100.000 жители, Дебар (183,8/100.000), Прилеп (154,2/100.000) и Велес (104,1/100.000), додека инциденца над 50 заболени на 100.000 жители е регистрирана во Струга, Скопје, Штип и Кочани (Табела 2, Картограм 1).

Во однос на дистрибуцијата по пол, регистрирани се 684 машки и 758 женски лица. Специфичниот морбидитет кај машките е 66,0/100.000, додека кај женските 73,4/100.000.

Возраста на заболените се движи од 0 до 94 години (просек – 44,8 години). Најголем број на заболени се на возраст над 60 години – 301 (20,9%) со инциденца од 78,5/100.000, а највисока специфична инциденца од 107,5/100.000 се регистрира на возрасната група од 50-59 години (299 заболени) (Графикон 1). Најниска инциденца од 22,3 и 23,6 на 100.000 жители се регистрира кај деца на возраст од 0-9 и 10-19 години, каде се пријавени 51 и 59 случаи соодветно.

Слични содржини